Top Sport

„Олимпијадата ќе се одржи според планот“

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе објави дека Олимписките игри ќе стартуваат според планот, на 24 јули. Оваа изјава на Абе доаѓа во моментот кога поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот низ целиот свет се откажуваат спортските настани.

Абе рекол дека конечниот збор околу одржувањето на Олимписките игри ќе го има меѓународниот олимписки комитет.

„Ќе го пребродиме ова, ќе го запреме ширењето на инфекцијата. Без проблем ќе ги организираме Олимписките игри онака како што е планирано3, рекол Абе.

Во Јапонија се регистрирани 1.423 заразени. Досега починале 28 лица.

Организацијата на Игрите во Токио Јапонците ќе ги чини околу 11 милијарди евра.

Scroll to Top