Top Sport

Олимпијадата во Токио се соочува со најлошото сценарио

Коронавирусот ги одложи Олимписките игри за наредната година. Иако се одложени никој не знае што ќе се случува наредното лето, бидејќи не се гледа крајот на пандемијата.

Безбедноста на учесниците на Олимписките игри треба да биде на највисоко ниво. Поради тоа едно од сценаријата е Игрите да се одржат без присуство на публика.

Ова сценарио е полошо и од она да бидат одложени Олимписките игри. Никогаш во историјата не се случило на олимписките борилишта да нема гледачи.

Томас Бах, првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), рекол дека тие ја разгледувале можноста Игрите да се одржат без публика, иако ИОК работи тоа да не се случи.

„Безбедноста е главната грижа што ја имаат организаторите во Токио“, рекол Бах.

„Она што не го сакаме е ОИ да се одржат зад затворени врати. Работиме на овој случај, сакаме да најдеме решение кое ќе го чува здравјето на сите, а во исто време ќе го одржува и олимпискиот дух“.

Изјавата на Бах доаѓа во момент кога во Токио е издаден „црвен тревога“ поради порастот на бројот на заразени од коронавирусот.

Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 24 јули до 9 август 2021 година.

Scroll to Top