Атлетичарот од Кенија, Албел Кипсанг, постави нов олимписки рекорд во полу-финалето на трката на 1.500 метри.
Кипсанг победи во втората група со време 3:31.65 минути. Претходното најдобро време на олимпијадите беше во сопственост на неговиот сонародник, Ноа Нгени (3:32.07).
Вторто место му припадна на Норвежанецот, Јакоб Ингербригстен. Пласман во финалето изборија Британецот Џош Кер, Шпанецот Адел Мехал и Австралиецот Стрјуарт Мексвејн.
Претходно, со резултат 3:33.48, во првата група победи Џејк Вигтман од Велика Британија. Покрај него во финалето на 1.500 метри ќе трчаа Кол Јагер од САД, Тимоти Леројут од Кенија, Австралиецот Оливер Хоаре и Шпанецот Игнасио Фонтес.