Top Sport

Олимписки шампион по 6 години докажа дека не земал допинг, го наместиле

Италијанскиот атлетичар Алекс Шварцер, победник на маратонот на ОИ во Пекинг во 2008 година е ослободен од обвиненијата за користење допинг поради што во 2016 година беше дисквалификуван и оневозможен да учествува на ОИ во Рио де Жанеиро.

По легалната битка која траеше 6 години Шварцер за „Korijere dela Sera” изјави дека оваа победа била поважна дури и од златната олимписка медаља.

Уште во 2011 година весникот „Република“ водејќи своја истрага за случајот лансираше теза дека се работи за завера. Судот во Болцано пресуди дека не се работи за допинг, туку за завера.

На 87 страници образложено беше дека одлуката за дисквалификација била погрешна и базирана на лажни примероци од урина врз основа на што е донесена пресудата за дисквалификација.

Алекс Шварцер најавува тужби поради претрпена морална штета и затоа што неговата спортска кариера беше прекината по оптужбите за допинг.

Scroll to Top