Top Sport

Олимпискиот шампион Кипруто обвинет за секс со малолетничка

Олимпискиот шампион на 3.000 метри стиплчез, Кениецот Консеслус Кипруто е обвинет за секс со 15-годишна девојка, за што во неговата татковина може да добие затворска казна до 20 години.

Кипруто беше пуштен со кауција во понеделникот, плаќајќи 1.800 долари, а доколку биде осуден тоа може да значи крај на кариерата и долг престој зад решетки. Иронично, 25-годишниот Кипруто по професија е полицаец.

Кениските медиуми тврдат дека инцидентот се случил во градчето Капсабет во октомври, а родителите на 15-годишното девојче го пријавиле атлетичарот во полиција откако нивната ќерка била три дена со него.

Покрај олимпиското злато Рио 2016, Кипруто е светски шампион од 2017 и 2019 година, но оваа сезона не се натпреваруваше.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');