Ислам Махачев викендов ќе може да го наследи својот добар пријател Хабиб Нурмагомедов како УФЦ шампион во лесна категорија и добил ваква шанса само поради Дагестанецот, вели неговиот противник, Бразилецот Чарлс Оливеира.
Оливеира ја загуби титулата пред неговиот последен меч против Џастин Гетџи, откако не успеа да ја достигне потребната тежина во мај, вели дека Махачев го фаворизираат само поради врската со Хабиб.
„Ислам ја заслужува почитта на фановите, но мислам дека прво требаше да биде со некој од топ 5 во кафезот пред да добие шанса да ја прескокне редицата. Мислам дека тоа е поради историјата на Хабиб и неговата врска со Дејна Вајт. Да се работеше за било кој друг фајтер, тогаш ќе требаше да моли за ваква шанса“, вели Оливеира.
31-годишниот Махачев влегува во мечот со 10 победи во низа и има само еден пораз во своите 23 професионални мечеви – пораз со технички нокаут од Адријано Мартинс во 2015 година. Оливеира пак нема пораз во 11 меча, но има 8 порази во професионалната кариера долга 42 меча.
You can feel the intensity through the screen!
Two more sleeps to @CharlesDoBronxs vs @MakhachevMMA for the LW crown 👑
[ #UFC280 | Saturday | Live on ESPN+ PPV: https://t.co/nzONUJu44K ] pic.twitter.com/QX9s62gxxm
— UFC (@ufc) October 20, 2022