Top Sport

Опасен живот на Кавказот – ММА фајтер избоден до смрт, неговиот брат го убил напаѓачот!

Руските медиуми повторно јавуваат за пресметка на ММА фајтери која завршила трагично, откако во Моздок, Северна Осетија, напаѓач го убил рускиот ММА фајтер Алан Хадзиев, пред неговиот брат да го убие напаѓачот.

Инцидентот се случил во ресторан каде што 31-годишниот Хадзиев бил со својот брат, кога почнала вербална расправија меѓу неколку гости, а Хадзиев наводно се обидувал да спречи поголем проблем. Наместо, тоа тој бил избоден во срцето со нож, а неговиот брат го нападнал напаѓачот, кој исто така починал.

Локалната власт објави дека истрагата трае, а ќе бидат вклучени и руските воени сили, бидејќи братот на Хадзиев е војник. Хадзиев беше двократен ФЦФ шампион, а се натпреваруваше и во бокс без ракавици.

„Тој дојде од Москва за свадба со неговата сопруга. Неговите пријатели го поканија во ресторан, и таму се случи тепачка во која Алан се обидуваше да ја смири ситуацијата. Доби нож во срце и умре“, изјави Ибрагим Тибилоф, претседателот на ММА федерацијата на Северна Осетија.

Scroll to Top