Top Sport

Опелка: Кирјос не е во таа категорија сервери – тој е атрактивен играч!

Американецот Рејли Опелка имаше одлична недела зад себе во Торонто, стигна до финалето. Тој е највисокиот (211 сантиметри) тенисер на турнирите, а со неговиот сонародник Џон Иснер добија прекар „Servebot“ што би се превело како робот кој сервира.

„Иснер и јас се пошегувавме за дефиницијата на ‘servebot’. Се прашуваат дали и Ник Кирјос спаѓа во оваа категорија затоа што статистиката на сервиси му е страшна. Засега во првата екипа сме Иснер, јас, Иво Карловиќ, Милош Раониќ и Кевин Андерсон. Кирјос има бројки да влезе во оваа категорија, но заклучивме дека ние сме малку `тажни` за гледање, а тој е сепак многу атрактивен играч“ рече Опелка.

Scroll to Top