Top Sport

Оре: 13.сезонска победа за Хиршер

Австриецот Марсел Хиршер победи на последната велеслаломска трка во сезоната. Хиршер на патеката во Оре, Шведска ја забележа 58.победа во кариерата.

Триумфот во Оре беше 13.оваа сезона за Австриецот. Ист број на победи во една сезона забележале легендите на овој спорт Ингемарк Стенмарк (сезона 1978/1979) и Херман Маер (2000/01).

Олимпискиот шампион во двете трки забележа време 2:13.63 минути, второто место му припадна на Хенрик Кристоферсен од Норвешка (2:13.86), а на третото емсто заврши Виктор Муфе-Жанде од Франција (2:13.89).

Марсел Хиршер од претходно го обезбеди големиот кристален глобус, како победник во Светскиот куп и малиот кристален глобус во велеслалом.

Сезоната во алпско скијање ќе заврши в недела кога во Оре ќе се вози слалом.

Scroll to Top