Top Sport

Организациониот одбор на ОИ има нова претседателка

Поранешната политичарка, олимписка репрезентативка на Јапонија, Сеико Хашимото (56), е избрана за претседател на организациониот комитет на олимписките игри во Токио.

Хашимото и претходно беше вклучена во организацијата, таа беше промотор на Олимписките игри.

Хашимото доаѓа на местото на Јоширо Мори, кој под притисок на јавноста, поради сексистичките коментари, мораше да поднесе оставка.

Почетокот на Олимписките игри во Токио е закажан за 23.јули.

Scroll to Top