Top Sport

Организаторите се среќни: На Вимблдон ќе има публика!

Организаторите на тенискиот грен слем турнир – Вимблдон соопштија дека годинешното издание на неофицијалното Светско првенство во тенис ќе се одржи со публика.

Според наводите на организаторите, нивниот прв приоритет ќе биде јавното здравје, како и безбедноста на гостите, членовите на тимовите, играчите, особено на навивачите, стои на официјалниот сајт на Вимблдон.

Одлуката за тоа колкав број на навивачите ќе ги следат мечевите ќе биде донесена подоцна.

Сите играчи и членови на тимовите ќе бидат сместени во официјалните хотели, а тоа ќе е и еден од условите за натреварување.

Влезниците годинава ќе се купуваат единствено на интернет, за да се избегнат редици и метеж при купувањето.

Минатата година Вимблдон беше откажан поради пандемијата на коронавирусот што беше прво откажување по Втората светска војна.

Третиот годинешен грен слем тениски турнир е предвидено да се одржи во периодот од 28 јуни до 11 јули.

Scroll to Top