Јапонските тениски ѕвезди Наоми Осака и Кеи Нишикори не се сигурни дали Олимписките Игри во Токио треба да се оддржат поради пандемијата на КОВИД-19, додека во јапонската престолнина имаше протести против најголемото спортско натпреварување на светот.
23-годишната Осака, која е светска тенисерка број 1, вели дека би сакала да го има олимпиското деби, но дека постојат и поважнио работи.
„Јас сум спортистка, така што секако првата мисла е дека сакам да играм на Олимпијадата. Но, од човечката страна, би кажала дека сме во пандемија, и ако луѓето не се здрави и не се чувствуваат безбедни, тогаш мораме да сме загрижени. Да бидам искрена, не знам дали е во ред да има Олимпијада во време на пандемија“, вели Осака.
Нишикори се согласи со сонародничката.
„Не знам како мислат да направат ‘меур’ околу спортистите, бидејќи се работи за илјадници луѓе, а не за стотина. Ако има 10.000 луѓе во олимпиското село и сите се натпреваруваат, нема да биде воопшто лесно. Ситуацијата не е најдобра“, објаснува Нишикори.
Олимпијадата во Токио веќе беше одложена минатото лето за оваа година, но во последните анкети мнозинството граѓани на јапонскиот метрополис изјавија дека Олимпијадата треба да биде откажана.