Top Sport

Осака по седум недели ја тргна Барти од врвот на ВТА листата

Понеделнички, има промена на ВТА тениската листа во женска конкуренција. Се врати на врвот Јапонката Наоми Осака. Таа по седум недели ја симна од „тронот“ Австралијката Ешли Барти.

Сепак, победничката од Ролан Гарос веќе оваа недела ќе има можноста повторно да се врати на врвот, доколку го освои турнирот во Синсинати.
Зад Осака Австралијката заостанува само 161 бод.

Во игра за првото место е и чешката тенисерка Каролина Плишкова која заостанува 232 бода зад Јапонката.

Најдобриот ранкинг во кариерата го оствари Канаѓанката Бјанка Андреску која од 27. скокна на 14. позиција. Финалистката од Торонто,

Американката Серена Вилијамс исто така напредуваше на ВТА листата, од 10. на 8. позиција.

Scroll to Top