Првата светска тенисерка во моментов, Јапонката Наоми Осака изненадувачки беше поразена во осминафиналето на турнирот во Бирмингем на тревна подлога. Подобра од Осака во два сета беше Казахстанката Јулија Путинцева со 6-2 и 6-3.
Сега на Јапонката и „виси“ првата позиција на ВТА листата.
Доколку Австралијката Ешли Барти, која денеска лесно се справи со Американката Брајди (ја победи со 6-3 и 6-1), оди до крај на тенискиот турнир, таа ќе се искачи на чело на престижната тениска листа.
Барти во четвртфиналето во Бирмингем ќе игра со подобрата во дуелот Ванг (Кина) и Венус Вилијамс (САД).