Top Sport

Осака се откажа од Ролан Гарос

Шампионската на Ју-Ес опен, Јапонката Наоми Осака, се повлече од годинашното издание на Ролан Гарос. Осака турнирот во француската престолнина ќе го попушти поради повреда на тетивата.

Осака се повреди на мастерсот во Синсинати поради што ѝ го предаде финалето на Викторија Азаренка, а Ју-Ес опен го одигра со бандаж на левата нога.

Јапонката во Њујорк и покрај победата успеа да ја освои третата гренд слем титула во кариерата.

„За жал оваа година нема да играм на Ролан Гарос. Тетивата ме боли, нема да имам време да се подготвам за земјената подлога. Турнирите овој пат се премногу блиску“, порачала Осака на социјалните мрежи.

Ролан Гарос ќе започне на 27 септември.

Scroll to Top