Top Sport

Осака се повлече од завршниот Мастерс

Јапонската тенисерка Наоми Осака поради повреда на рамото се повлекла од завршниот ВТА мастерс во Шенжен, соопштија организаторите.

Осака во првото коло, во неделата, забележа победа во три сета над Петра Квитова, а во втората рунда требаше да се сретне со Ешли Барти од австралија.

„Разочарана сум што морам да се повлечам. Не сакав вака да го завршам турнирот и сезоната“, рекла Осака која на ВТА листата се наоѓа на третото место.

Осака во „Црвената група“ ќе ја замени Холанѓанката Кики Бертенс. Таа денес ќе игра против Барти во второто коло.

Scroll to Top