Top Sport

Осака се врати по 0:6 со Шмиедлова и закажа дуел со Азаренка во Париз

Првиот светски рекет кај жените, Јапонката Наоми Осака одигра чудесен пресврт денеска на тенискиот гренд-слем, Ролан Гарос.

Јапонката првиот сет го загуби преубедливо со 0-6 од словачката тенисерка Ана Каролина Шмиедлова која е 90-та на ВТА листата.

Сепак во вториот сет Осака со многу мака, во тај-брејк успеа да се врати во живот, по то во третиот сет ја збриша противничката со убедливи 6-1.

Во следната рунда на турнирот во Париз Осака за противничка ќе ја има Викторија Азаренка која денеска со 2-0 (6-4 7-6) славеше против шампионката од 2017 година, Алена Остапенко.

Во останатите дуели од женскиот дел од турнирот кои досега завршија постигнати се следните резултати:
Касаткина – Паолини 2-0
Бегу – Жу 2-0
Пуиг – Флипкенс 2-0
Бузкова – Андреску 1-2
Мучова – Контавеит 2-1
Анисимова – Тан 2-0
Гарсија – Бартел 2-0
Блинкова – Гаспаријан 2-1
Пакет – Линет 1-2
Нара – Јакуповиќ 2-1
Сабаленка – Цибулкова 2-0
Бабош – Хон 1-2
Женг – Ванг 0-2
Бушар – Цуренко 0-2
Гаврилова – Круниќ 0-1 (предала Гаврилова)
Родина – Кејс 0-2

Scroll to Top