Top Sport

Оскар де ла Хоја го потврди враќањето во боксерскиот ринг

Поранешното „златно момче“ на боксот, 47-годишниот Оскар де ла Хоја потврди дека планира да се врати во рингот во професионална конкуренција, следејќи го примерот на Мајк Тајсон.

Де ла Хоја последен пат беше во рингот во декември 2008 година, кога во мечот со Мани Паквајо се откажа по крајот на осмата рунда и неколку месеци подоцна се пензионираше за да се посвети на промотерската работа преку својата „Голден бој промоушнс“.

„Шпекулациите се вистинити, ќе се вратам на боксот и ќе почна со спаринг за неколку недели“, изјави Де ла Хоја за „ЕСПН“.

Де ла Хоја имаше 39-6 скор и 30 нокаути во својата професионална кариера, откако освои титули во шест различни тежински категории и златен медал на Олимпијадата во Барселона во 1992 година.

„Се работи за вистински меч. Ми недостасува да бидам во рингот, го сакам боксот. Тој ми даде сè што имам во моментов и ме направи човек“, додава Де ла Хоја.

Scroll to Top