Top Sport

Отворени Игрите во Пјонгчанг, Македонија седми пат на ЗОИ

Точно во 12 часот по средноевропско време во Јужна Кореја церемонијата со која свечано беа отворени Зимските олимписки (ЗОИ) во Пјонгчанг. Игрите во Јужна Кореја се 23. по ред, а ќе се одржуваат од 9. до 25.февруари.

Пјонгчанг ќе биде домаќин на вкупно 102 настани, во вкупно 15 спортови, односно ќе биде домаќин на 2.952 спортисти од 92 земји.

Овие Игри ќе бидат запаментени и по тоа што на нив ќе учествуваат и спортисти од Северна Кореја. На свечената церемонија спортистите од двете Кореи излегоа под исто знаме.

Дел од 23. Игри по седми пат во историјата на ЗОИ е и Македонија, која во Пјонгчанг настапува со тројца спортисти: знаменосецот Ставре Јада, Викторија Тодоровска и Антонио Ристевски.

Јада ќе се натпреварува во дисциплини во нордиското скијање, во спринт на 13.февруари и во трката на 15 километри слободно три дена подоцна. Тодоровска ќе настапи на трката во крос-кантри на 10 километри на 15.февруари, додека Ристевски ќе се натпреварува во слалом и велеслалом. Велеслаломската трка е на 18.февруари, а слаломската четири дена подоцна.

Најдоброен тим на овие Игри имаат САД со вкупно 242 спортисти, пооа следува Канада со 226, а од европските држави најбројна екипа има Швајцарија, со 169 спортисти.

Scroll to Top