Рускиот претседател Владимир Путин реши да не бара нов мандат на руските избори во март, по што доби поддршка од НХЛ суперѕвездата Алекс Овечкин.
Капитенот на Вашингтон капиталс, и на рускиот хокеарски тим, најави дека креира движење со името „Тим Путин“ за да го подржи претседателот, објавувајќи ја програмата на Инстаграм.
„Личните остварувања и медали се добри работи, но во хокејот, како и во сè друго во животот да победиш ти е потребен тим. Само тим кој е способен да го смени текот на играта го остварува невозможното. Во последно време, во западниот печат, забележувам споредби за тимот на Путин. Тоа ми се допаѓа и подготвен сум да бидам член од тим. Никогаш не сум ги криел односите со нашиот претседател и секогаш отворено сум го подржувал. Сигурен сум дека уште има луѓе кои го поддржуваат Владимир Путин. Да се обединиме и да покажеме на сите силна и обединета Русија. Затоа го почнува ова социјално движење. Бидете дел од ова движење, бидејќи тоа е привилегија“, вели Овечкин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков објави дека Путин не е информиран за иницијативата на хокеарот.