Top Sport

Овечкин креираше „Тим Путин“

Рускиот претседател Владимир Путин реши да не бара нов мандат на руските избори во март, по што доби поддршка од НХЛ суперѕвездата Алекс Овечкин.

Капитенот на Вашингтон капиталс, и на рускиот хокеарски тим, најави дека креира движење со името „Тим Путин“ за да го подржи претседателот, објавувајќи ја програмата на Инстаграм.

„Личните остварувања и медали се добри работи, но во хокејот, како и во сè друго во животот да победиш ти е потребен тим. Само тим кој е способен да го смени текот на играта го остварува невозможното. Во последно време, во западниот печат, забележувам споредби за тимот на Путин. Тоа ми се допаѓа и подготвен сум да бидам член од тим. Никогаш не сум ги криел односите со нашиот претседател и секогаш отворено сум го подржувал. Сигурен сум дека уште има луѓе кои го поддржуваат Владимир Путин. Да се обединиме и да покажеме на сите силна и обединета Русија. Затоа го почнува ова социјално движење. Бидете дел од ова движење, бидејќи тоа е привилегија“, вели Овечкин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков објави дека Путин не е информиран за иницијативата на хокеарот.

Личные награды и призы – все это здорово, но в хоккее, как и в любом деле, для победы важнее команда. Только команда способна переломить ход игры, сделать невозможное. В последнее время в западной прессе я встречаю сочетание Putin’s team, то есть команда Путина. И знаете, мне очень понравилось это определение. Лично я готов быть частью такой команды. Я никогда не скрывал своего отношения к нашему Президенту, всегда открыто его поддерживая. Я уверен, что нас, поддерживающих Владимира Путина, много! Так давайте объединимся и покажем всем сильную и сплоченную Россию! Сегодня я хочу объявить о том, что создаю общественное движение под названием Putin Team. Быть частью такой команды – для меня гордость, это похоже на ощущение, когда ты надеваешь майку сборной России, зная, что за тебя болеет вся страна. #putinteam

A post shared by Alexander Ovechkin (@aleksandrovechkinofficial) on

Scroll to Top