Рафаел Надал не успеа да ги комплетира подготовките за Вимблдон со победа, откако на вториот меч од егзибицискиот турнир во Харлингем загуби во супер-сет со 6:7(8)/6:4/3:10 од младиот Канаѓанец, Феликс Оже-Алијасим.
Во средата Надал лесно го совлада ветеранот Стен Вавринка, но против Оже-Алијасим имаше потежок тест на својот прв турнир на тревната подлога по три години пауза.
Надал ќе стартува на Вимблдон во вторник.