Top Sport

Падна договор: Енцо Мареска го презема Челзи

Нема повеќе дилеми. Нов тренер на Челзи ќе биде Италијанецот, Енцо Мареска.

Двете страни постигнаа договор. Договорот ќе биде потпишан на пет години, со опција за продолжување на уште една година.

За Мареска ова ќе биде трета самостојна работа во кариерата. Во неодамна завршената сезона го водеше Лестер, кој го врати во Премиер лигата. Тој претходно работеше како асистент во Манчестер Сити, каде ја започна својата тренерска кариера во резервниот тим во 2020 година. Помеѓу, кратко време ја водеше Парма.

Италијанецот, кој меѓу другите во својата богата играчка кариера настапуваше за Јувентус, Фиорентина, Севиља, Олимпијакос, Сампдорија, Палермо, ја продолжува линијата тренери од таа земја кои работеа на Стемфорд Бриџ. Ја започна Џанлука Вијали во 1998 година, а продолжи Клаудио Раниери, Карло Анчелоти, Роберто ди Матео, кој ја освои првата титула европски првак, Антонио Конте и Маурицио Сари.

Scroll to Top