Top Sport

Падна светскиот рекорд на 1.500 метри во сала

Самуел Тефера од Етиопија, на митингот во Бирмингем, постави нов светски рекорд во сала на 1.500 метри.

Тефера успеа да го сруши 22 години стартиот рекорд на Мароканецот Хишам ел Геруж. Времето на новиот планетарен рекорд изнесува 3:31.04 минути.

19-годишниот Тефера до најголемиот успех во кариерата дојде пред сонародникот Јомиф Кеџелче, од кого беше побрз за 54 стотинки. Третото место му припадна на Стјуарт Мексвејн.

Scroll to Top