Top Sport

Пак уби 14-годишник, камерите го снимија трагичниот момент

14-годишно момче смртно страдаше откако пак го удрил во градите. Несреќата се случила на тренингот на младинските категории на хокеарскиот клуб СКА од Санкт Петербург.

Пакот го погодил Всеволод Малков во близина на срцето, момчето се згрчило од болката, а потоа само паднало на мразот.

Поради срцев удар, лекарите веднаш се обиделе да го оживеат, што и успеале, но тој починал во болница од повреди на белите дробови и срцето. Клубот покрена внатрешна истрага, но таткото на момчето рече дека не обвинува никого за смртта на неговиот син, свесен дека тоа е резултат на несреќа за време на рутински тренинг.

Клубот се понуди да ги плати трошоците за погребот и да му обезбеди на семејството каква било помош што им е потребна.

 

Scroll to Top