Top Sport

Пакјао ќе се кандидира за претседател на Филипините

Боксерската легенда Мани Пакјао ќе се кандидира за претседател на Филипините во 2022 година, тврди неговиот поранешен промотер Боб Арум.

41-годишниот Пакјао не е нов во политиката, откако стана конгресмен во азиската земја во 2009 година, пред во 2016 година да добие 16 милиони гласови и да стане член на Сенатот на Филипините.

Според Арум, по крајот на мандатот на сегашниот претседател Родриго Дутерте во 2022 година, Пакјао ќе се обиде да стане лидер на земјата.

„Мислам дека ќе го добиеме првиот боксер-претседател во 2022 во Мани Пакјао. Тој неодамна ми кажа дека ќе се кандидира и дека ќе бидам поканет на неговата инаугурација“, вели Арум.

И покрај своите години и влезот во политиката, Пакјао не е пензиониран и се подготвува за нов меч, откако во претходниот го победи Кит Турман и ја освои ВБА титулата во велтер категорија, негов 62 триумф во 71 меч и титула во осма тежинска категорија. Се верува дека негов следен противник е ВБО шампионот во велтер категорија, Теренс Крофорд.

Scroll to Top