Филипинската боксерска легенда, Мани Пакјао ќе боксува со аргентинскиот шампион во велтер категорија, Лукас Матис за ВБА титулата во Куала Лумпур во јули, објави промотерот Оскар де ла Хоја.
„Потпишано и договорено. Горди сме што можеме да објавиме дека ВБА шампионот во велтер категорија Матис ќе ја стави својата титула на маса против Мани Пакјао во Куала Лумпур на 14 јули“, напиша Де ла Хоја на Твитер.
Матис го победи Тајланѓанецот Тева Кирам за слободната ВБА титула во јануари и има 38-4 скор. 39-годишниот Пакјао пак, последен пат боксуваше против Австралиецот Џеф Хорн минатиот јули, кога загуби на поени. Тој е второрангиран во велтер категоријата со 57-2-6 скор.
Фото: ЕПА