Палестинците во отворено писмо апелирале до папата Франциско да одбие да ја благослови велосипедската трка околу Италија, која в година ќе почне од Израел.
Коалицијата на палестински граѓански организации бара од поглаварот на Римокатоличката црква да се дистанцира од трката поради несреќното инсистирање да се прикријат израелската воена окупација и кршењето на човековите права.
Писмото е објавено на интернет-страницата на меѓународното движење за бојкот, деинвестирање и објавување санкции кон Израел и во него се тврди дека владата на Израел го користи угледот на папата како пропаганда и со цел да ги прикрие окупацијата и изградбите на населби на окупираната палестинска земја, особено во источен Ерусалим.
Трката околу Италија е една од најголемите во светот на велосипедизмот и досега никогаш не започнала надвор од Европа. Во 2018 година трката ќе се одржи 101. пат.