Top Sport

Палестинците бесни на Џиро Д’Италија

Официјалните лица од палестинската управа реагираа бесно на одлуката на организаторите на Џиро Д’Италија да ги отстранат споменувањата на „Западен Ерусалим“ од своите документи по притисокот од Израел.

Џиро 2018 ќе стартува во Израел, првпат во историјата на италијанската класична трка.

„Џирото сака да ја оправда анексијата на Ерусалим и е соучесник во воената окупација на Израел. Ова беше уцена“, изјави Ханан Ашрави од Палестинската ослободителна организација (ПЛО).

Израел го смета целиот Ерусалим, вклучувајќи го и источниот дел како своја престолнина, додека меѓународната заедница го смета Тел Авив како престолнина на државата. Палестинците, како и Обединетите Нации, источниот дел од вечниот град го сметаат за територија на Палестинците. Ерусалим ќе биде домаќин на првата етапа на Џирото во 2018, но патеката не минува низ териториите кои се сметаат за окупирани.

Scroll to Top