Top Sport

Паната: Не ми се допаѓа Ѓоковиќ, две години кажува само глупости

Италијанската тениска легенда и поранешен шампион од Ролан Гарос, Адријано Паната вели дека им се восхитува на Роџер Федерер и на Рафаел Надал, но не и на Новак Ѓоковиќ, бидејќи светскиот број 1 постојано „ги кажува погрешните“ работи.

71-годишниот Паната, кој го освои Ролан Гарос во 1976 година, како единствен тенисер кој го победил Бјорн Борг на гренд слемот во Париз, вели дека ставот на Ѓоковиќ против вакцинирањето придонел Србинот да загуби голема поддршка.

„Јас го следам Федерер, кој бил и секогаш ќе биде поим за тенис. Надал? Одличен тенисер, но повеќе го почитувам за неговата човечка страна, но Новак Ѓоковиќ не ми се допаѓа. Ништо лично, но некои работи кои ги кажа последните две години се апсолутно погрешни“, вели Паната за „РАИ1“.

Тој се спротиставува на одлуката на Вимблдон да ги суспендира руските и белоруските тенисери.

„Тоа е чиста глупост, ср.ње ако можам да кажам така. Медведев и Рубљов зборуваа против војната, а тие се само двајца тенисери. Дали руски инженер кој живее во Лондон не смее да работи само бидејќи е Русин?“, додава Паната.

Scroll to Top