Французинот Алексис Пантуро е победник на велеслаломската трка која денеска за Светскиот куп се возеше во Алта Бадија. Пантуро беше водечки по првото возење, а до победата дојде со вкупно време од 2.27.19.
Тоа е негова втора победа сезонава, вкупно 31. во Светскиот куп.
Со 7 стотинки заостанување на втората позиција се пласираше Норвежанецот Атл Лај Мегра.
Третопласиран денес беше Швајцарецот Жастин Муризије со 24 стотинки заостаток зад победничкото време.
Марко Одермат кој денеска заврши како четврти е водечки во генерален пласман во велеслалом со 290 бода, Пантуро сега е втор со 240, додека трет е Филип Зубчиќ со 208 бодови.