Параолимпијците од Русија и Белорусија ќе настапат на Игрите во Пекинг, потврди Интернационалниот параолимписки комитет.
Спортистите од овие две земји нема да се натпреваруваат под државните знамиња и нивните химни нема да бидат интонирани во Пекинг.
Параолимпијците од Русија и Белорусија, во Пекинг, ќе се натпреваруваат како неутрални спортисти.
Зимските параолимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4. до 13.март.