Top Sport

Параолимписката ѕвезда Ферфорт подготвена за еутаназија

Белгиската параолимписка ѕвезда, Марике Ферфорт вели дека е подготвена да умре со еутаназија бидејќи има толку болки што веќе не може да продолжи да живее.

Ферфорт, која освои четири параолимписки медали во кариерата, страда од прогресивна тетраплегија и сега е парализирана од градите надолу, го губи видот, има страшни грчеви, и едвај јаде. 38-годишната спортистка веќе поднела формулари да и биде дозволено да умре со инјекција.

„Не сакам да страдам повеќе. Премногу ми е тешко и станувам сè подепресивна. Постојано плачам. Имам епилептични напади кои ги чувствувам како телото да вреска дека му е доволно“, изјави Ферфорт во интервју со британскиот весник „Телеграф“.

Ферфорт освои една бронза на претходната Параолимпијада во Рио во 2014 година, по што ја објави својата биографија „Другата страна на паричката“ по која стана вистинска ѕвезда во Белгија, како нејзиниот омилен фудбалер, Кевин де Бројне.

Scroll to Top