Италијанецот Доминик Парис триумфираше во спустот пред домашните фанови во Бормио, победувајќи го актуелниот шампион Аксел Лунд Свиндал и неговиот норвешки сонародник, Кјетил Јансруд.
По лошиот старт на сезоната, Парис ја прослави својата осма спусташка победа во кариерата поминувајќи ја супер-тешката патека Стелвио со време од 1:56.95, за да стане првиот Италијанец со две победи во Бормио по таа во 2012 година.
За Свиндал ова беше 10. подиум во последните 12 трки и 73. во кариерата. Специјалистот за слалом, Марсел Хиршер, не скија спуст и останува лидер во генерален пласман пред Хенрик Кристоферсен, Свиндал и Јансруд. Свиндал е лидер во генерален пласман во спуст.
Утре во Бормио има трка во алпска комбинација.
L’Italia gioisce con Dominik #Paris! L’azzurro vince la discesa di Bormio davanti a #Svindal e #Jansrud ??? pic.twitter.com/u0KGzKrmlg
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) December 28, 2017
Микаела Шифрин пак, продолжи со доминацијата во слалом, триумфирајќи на предновогодишната трка во Лиенц, Австрија за да го зголеми водството во генерален пласман. Американката сега има победи од СК во 22 различни ски-центри, за да дојде пред Линдзи Вон на оваа листа, и да заостанува само зад Френи Шнајдер и Анемари Мозер-Прел.
Во Австрија таа доминираше и го заврши првото возење со 1.14 секунди предност, за на крајот да биде за 0.89 секунди пред Швајцарката Венди Холденер, додека трета беше Фрида Хансдотер. Естел Алфан, ќерката на поранешниот победник од СК, Лик Алфан имаше најдобро второ возење за да заврши на петтото место, што е најдобар резултат во кариерата.
Со победата, Шифрин има 348 поени предност пред Словачката Петра Влхова во слалом, а дури 719 поени предност пред Италијанката Софија Гоџија во генерален пласман.
Дамите во Лиенц продолжуваат со петочен велеслалом.
La pista è rovinata, ma Mikaela #Shiffrin amministra il vantaggio e vince anche lo #slalom di #Lienz. Alle sue spalle #Holdener e #Hansdotter ??? pic.twitter.com/z7Z3JZCAYs
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) December 28, 2017