ВБО шампионот во тешка категорија, Новозеланѓанецот Џозеф Паркер бил на „тајна“ операција на лактот пред мечот за обединувањето на титулите против Ентони Џошуа.
Тренерот на Паркер, Кевин Бери откри дека боксерот имал болки во двата лакти повеќе од две години, а минатиот октомври бил на операција и неговиот доктор Крег Бел вели дека опоравувањето оди навистина добро.
„Во основа беше неверојатно што тој воопшто можеше да боксува пред операцијата. Јас сум специјалист за рамо и лакт и не сум видел нешто слично во моите 15 години работа. Уште поневеројатно е како тој се опорави бргу по операцијата“, вели Бол.
Со операцијата се врати максималната брзина во рацете за Паркер, кој ќе влезе во рингот со ИБФ, ВБА и ИБО шампионот на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф на 31 март.
Фото: ЕПА