Top Sport

Пављученкова позитивна на Ковид 19, го пропушта турнирот во Мелбурн

Руската тенисерка Анастасија Пављученкова по доаѓањето во Австралија добила позитивен тест на Ковид 19.

Финалистката од Ролан Гарос пристигна во Мелбурн како прв носител на турнирот од серијата 250, но нема да може да настапи поради коронавирусот.

„За жал, имам лоши вести. Во Австралија стигнав во вторникот и бев позитивна на коронавирусот. Вакцинирана сум и се подготвував за почетокот на сезоната во Дубаи. Но, живееме во многу тешко време. Сега сум во потполна изолација, во посебен хотел и ги почитувам сите протоколи под надзор на лекар. Сега е важно да се води грижа за здравјето на сите. Ќе се вратам на теренот кога ќе е безбедно за сите„ напиша Русинката.

Таа нема да настапи на „малиот“ турнир во Мелбурн, а прашање е дали ќе се опорави за настап на Австралија опен кој почнува на 17. јануари.

Scroll to Top