Top Sport

Павлов ќе се бори за златото, Весели за бронзата

Емил Павлов ќе се бори за златниот медал на натпреварувањето во Премиер лигата, во карате што се одржува во Салцбруг, Австрија.

Најдобриот спортист на Македонија во 2018 година, во полу-финалето со 2:1, во категоријата до 60 килограми, го победи Казахстанецот Даркан Асадилов.

Претходно Павлов го победи Фахед Ахмад од Јордан со 3:2, Ненад Дуловиќ од Црна Гора со 1:0 и Јертанек Баитуриев од Казахстан со 4:0.

Противник во финалето на Павлов ќе му биде Анџело Кресенцо од Италија.

Покрај шанси за медал има и Фахик Весели, кој преку репасажот има можност да освои бронза. Весели загуби од Италијанецот со кого Емил Павлов ќе се соочи во борбата за златниот медал.

За Весели кој има медал од Младинскиот олимписки игри, ова е најдобриот пласман во сениорска конкуренција.

foto/wkf.net

Scroll to Top