Top Sport

„Пелистерка“ го промовира календарот за 2018 (Фото)

Компанијата „Пелистерка“ според праксата што ја воспостави пред девет години, продолжи со традицијата, да презентира календари за годината шт доаѓа.

Во хотелот „Мериот“, компанијата на прес конференција го презентираше календарот.

Овојпат за календарот за 2018 година за „соблекоа“ 12 македонски спортистки. Клендарот за 2018 година „Пелистерка“ го промовираше во петокот.

Свое место на календарот Берна Шерифовска (џудо), Наташа Андонова (фудбал) Едина Муса (кошарка и боди фитнес), Дрита Ислами (атлетика), Леана Таќи (триатлон) Милјана Ристиќ (маратон), Елена Чуркоска (кајак), Катерина Николовска (велосипедизам), Стефани Тодорова (кик бокс), Ивана Јанкова (одбојка), Марија Божиновска (фитнес) и Нина Ѓорѓевиќ (карате).

Спортистките заслужуваат подеднаков третман и внимание, поради што мотото на команијата е „Вода за најдобри“.

Фотографиите ги изработија Ани и Дими.

Scroll to Top