Top Sport

„Пензионерката“ Вон со жешка фото-сесија за „Спортс илустрејтед“ (видео)

Легендата на алпското скијање, Линдзи Вон по третпат ќе се најде на страниците на специјалното „издание во костими за капење“ на „Спортс илустрејтед“, по 2010 и 2016 година.

Вон, која се повлече од спортот како најуспешна скијачка во историјата, имаше фото-сесија на плажите во Пуерто Валјарта во Мексико, каде што изгледаше одлично во бело бикини.

34-годишната Американка во 2010 година беше на снежните канадски планини, додека во 2016 година беше целосно гола со само боја за телото на островот Сент Винсент.


Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');