Top Sport

Пер: Доаѓам на турнир, губам, ќе заработам некоја пара, па одам на друг!

Контроверзниот француски тенисер, Беноа Пер не ги знае границите на своето скандалозно однесување.

Во претходниот период намерно губеше мечеви, плукаше на терен, но тоа го правеше и на организаторите на Австралија опен. Сега отиде чекор понатаму.

Моментно 31-от светски тениски рекет загуби во првото коло на турнирот во Акапулко од Стефанос Циципас, а потоа изјави дека го посакувал поразот.

„Подобро да загубам во прва рунда, така ќе можам побрзо да го напуштам `балонот`, па ќе имам неколку дена за уживање пред Мајами. Тенисот не ми е приоритет во моментов. Доаѓам на турнирот, ќе заработам некоја пара, па одам на друг. Ако победите на турнир од Серија 250 може да добиете само 30.000 долари. Кога ќе испаднам во прва рунда земам 10.000 долари и веднаш губам. Зашто би се мачел како луд за нешто повеќе пари“ во свој стил изјави Пер.

Токму поради тоа, често се случува да има сомнеж дека неговите натпревари се наместени. Последниот турнир кој Пер го освои е оној во Лион, во 2019 година. Покрај него, досега има освоено само уште две титули.

Scroll to Top