Францускиот тенисер, Беноа Пер, три недели пред почетокот на Австралија опен, објави дека е позитивен на коронавирусот. Пер има 32 години, на АТП листата се наоѓа на 46.место, на социјалните мрежи објави дека има корона и дека се наоѓа во изолација.
Пер нема да игра на турнирот, кој ќе започне на 4.јануари.
„Здраво моето име е Беноа Пер и позитивен сум 250.пат на коронавирусот. Не можам на се справам со ова Ковид ср..е. Ништо не ми е, малку ми тече носот, ментално не сум добро, се наоѓам во карантин на другиот крај од светот. Минатата година беше лоша, оваа е уште полоша. Вакциниран сум и ја поддржувам вакцинацијата“, напишал Пер на Инстаграм.
Пер беше позитивен на коронавирусот и на Ју-ес опен, минатата година.