Top Sport

Пер по исфрлањето од Њујорк: Се работи за лажен „меур“

Францускиот тенисер Беноа Пер влезе во остар напад на „лажниот меур“ на САД опен за тенисерите, откако беше исклучен од гренд слемот поради позитивен тест на КОВИД-19.

Светскиот рекет број 22 се повлече од Синсинати опен откако не му се чувствуваше најдобро на теренот, по што имаше позитивен тест во „меурот“ кој организаторите го направија за целосна изолација на тенисерите. По повлекувањето, Пер на Инстаграм објави дека се работи за лажни мерки.

„Не сум во ’меурот’. Сега се чувствувам подобро, немам симптоми. Се двоумам да кажам што се случува во овој ’лажен меур’“, напиша Пер.

Неколку француски тенисери кои беа во контакт со Пер беа изолирани во своите хотелски соби, но САД опен потоа им дозволи да настапуваат.

Scroll to Top