Контроверзниот француски тенисер, Беноа Пер даде интересна изјава и ги остави во неверување вљубениците во „белиот спорт“. Тој призна дека дека му е многу поважно да ужива во животот отколку да се жртвува за да освојува трофеи и да стане најдобриот светски тенисер.
„За мене рекоа дека сум талентиран, но сум идиот. Многумина сметаат дека имам се што треба за Топ 10“ – вели Пер кој моментно е 28-ми на АТП листата.
Французинот има 31 година и најдобриот пласман во кариерата му бил 18. место. Многумина сметаат дека може да постигне повеќе, но едноставно не го искористи потенцијалот.
„Никогаш не сум посакувал премногу да освојам грен слем. Подобро ќе бидам во Топ 30 и ќе уживам во животот, ќе играм голф и ќе пијам шприцер кога и да посакам, отколку да жртвувам се за да станам број 1“ рече Беноа Пер.
Французинот досега во кариерата има освоено три АТП титули.