Top Sport

Петар Кловар го урна светскиот рекорд

Хрватот, Петар Кловар, постави нов светски рекорд во дисциплината длабинско нуркање без пераји. Кловар на ЦМАС Светското првенство во Турција се спушти на длабочина од 92 метри.

„Беше тешко. Условите беа одлични, бев мотивиран, знаев дека можам да го направам ова и да го освојам златниот медал. Пред да се нурнам бев многу нервозен, резултатот е на границите на моите можности, а имав и силна конкуренција со многу големо искуство“, рекол Кловар.

Најголемиот ривал на Кловар, Алексеј Молчанов, останал без воздух, поради што не го заврши настапот.

Scroll to Top