Top Sport

„Петка“ за вонземјанката Микаела Шифрин (видео)

Американката Микаела Шифрин заостануваше по првото возење на ноќниот слалом во австрискиот Флахау, но на крајот стигна до својата петта последователна победа од Светскиот куп покажувајќи неверојатна доминација.

22-годишната Шифрин заостануваше 0.37 секунди зад Австријката Бернадете Шилд по првото возење, но на крајот имаше неверојатни 0.94 секунди предност пред Шилд, додека подиумот го комплетираше Швеѓанката Фрида Хансдотер.

Ова беше осма победа во последните девет трки за Шифрин во сите дисциплини и 41. победа во кратката кариера, и Американката е во совршена форма пред Олимпијадата во Пјеонгчанг, каде што ќе го брани златото во слалом, а ќе се обиде да изненади и во велеслалом и супер-џи.

„Ми требаше да не бидам прва по првото возење. Бев помалку нервозна за трката откако лани бев само трета. Но, второто возење беше тоа што го чекав на оваа падина“, вели Шифрин, која има 1.381 поени во генерален пласман, неверојатни 821 поени пред Швајцарката Венди Холденер.


Scroll to Top