Top Sport

Петра Влхова го освои Светскиот куп

Петра Влхова од Словачка го освои Светскиот куп за оваа сезона. Во пресрет на последната трка, Влхова во генералниот пласман има 1.392 поени, 136 повеќе од Швајцарката, Лара Гут-Бехрами.

Петра Влхова, трката во слалом, која се возеше во саботата во Ленцерхајд, го освои шестото место, што и беше доволно за конечен триумф. Влхова прв пат во кариерата го освои Светскиот куп.

Инаку слаломот во Ленцердхајд и припадна на Австријката Катарина Линзбергер. Со оваа победа таа го освои малиот кристален глобус во оваа дисциплина. Линзебергер победи со време 1:49.77 минути, пред Микаела шифрин (1:51.01) и Мишел Гисин (1:51.72).

Scroll to Top