Top Sport

Пијан возел 250 км/ч – НФЛ играч усмртил девојка

Хенри Рагс (22), играч на Лас Вегас Рајдерс, во сообраќајна несреќа усмртил 23-годишна девојка.

Рагс, при брзина поголема од 200 километри на час, со својата Шевролет корвета се забил во автомобилот на починатата девојка. Возилото Тојота РАВ 4 Тине Тинтор, од силината на ударот се запалило, девојката не успеала да се излезе. Таа жива изгорела во автомобилот.

Полицијата соопшти дека Рагс, бил пијан и возел со брзина од 250 километри на час. Во возилото, полицијата нашла наполнет пиштол.

Во несреќата тој поминал со лесни повреди, додека тешко била повредена неговата девојка која го снимала неговото дивеење низ улиците на Лас Вегас.

Лас Вегас Рајдерс веднаш го прекинале договорот со Рагс.

Младиот спортист, ова лето беше избран на драфтот. Тој со Рајдерс потпишал четиригодишен договор за 16 милиони долари.

Доколку биде прогласен виновен по сите точки од обвинението, Рагс ќе добие 26-годишна затворска казна.

Scroll to Top