Top Sport

Пике: Ќе ги поканам ѕвездите на Реал и Атлетико на финалето на Дејвис купот

Ѕвездата на Барселона, Жерар Пике вели дека сите се добредојдени на обновениот тениски Дејвис куп, вклучувајќи ги и фудбалските ѕвезди на Реал Мадрид, откако неговата инвестициски компанија „Космос“ во соработка со Интернационалната тениска федерација направија големи промени во натпреварувањето.

„Комос“ инвестираше 3 милијарди евра во Дејвис купот, чие финале во ноември ќе се случи во Мадрид и во кое ќе играат повеќе репрезентации налик на едно Светско првенство во фудбал. Пике со години беше ривал на двата клуба од Мадрид, но вели дека сака да види многу од нив на турнирот, заедно со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Секако дека ќе го поканам, фудбалот е една работа, а тенисот друго. Ќе ги поканам сите фудбалери на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид да се приклучат на шоуто. Ривалството е едно нешто, но сигурен сум дека фудбалерите на Мадрид и Атлетико ќе сакаат да го видат Рафа и шпанскиот тим како се обидува да стигне до шеста титула. Ова е проектот на мојот живот и мислам дека сме на добар пат“, вели Пике.

Во Дејвис купот ќе учествуваат 16 тима од 18 до 24 ноември.

Scroll to Top