Французинот Алексис Пинтуро ја искористи „војната“ на шесткратниот шампион од Светскиот куп, Марсел Хиршер со една врата, за победа на велеслаломот во Вал Д’Изер за негова јубилејна 20. победа во кариерата.
Хиршер беше на пат до својата 24. победа во велеслалом во кариерата откако водеше со 56.74 по првото возење, но направи неколку грешки во второто возење, вклучувајќи судир со вратата, и знаменцето му се закачи околу раката за на крајот да заврши како трет.
„Тоа беше моја грешка, и навистина сум изнервиран. Одамна не сум закачил врата вака“, вели Хиршер.
Marcel #Hirscher si porta via la bandierina di una porta e sbaglia tutto: nonostante ciò, riesce comunque a essere terzo!!! ?⛷ vince #Pinturault davanti a #Luitz pic.twitter.com/d3LCWyvU3j
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) December 9, 2017
Пинтуро заврши на првото место пред сè подобриот Германец Штефан Лујц, додека Хиршер беше трет. Интересна статистика е што во сите велеслаломски трки во календарската 2017, до победи стигнувале или Хиршер или Пинтуро. Французинот победи во Аделбоден во јануари, по што Хиршер победи на следните четири трки – Гармиш, Крањска Гора, Аспен и минатонеделната прва трка од олимписката сезона во Бивер Крик.
„Да се победи секогаш е посебно, без разлика кои се ривалите. Марсел ризикуваше премногу и направи неколку грешки, но борбата беше фантастична“, вели Пинтуро за домашната победа.
За недела во Вал Д’Изер има предвидено слаломска трка.