Францускиот скијач Алексис Пинтуро е победник на велеслаломската трка која се возеше за Светскиот куп во швајцарски Аделбоден. За Французинот ова беше втора победа во низа откако и вчера славеше во истата дисциплина.
Пинтуро до победата дојде со време 2:18,36 минути додека второпласираниот, Хрватот Филип Зубчиќ заостана 1,26 секунди.
По денешната победа, Пинтуро се израмни со Американецот Боди Милер по бројот на победи во Светскиот куп – двајцата имаат по 33 и се наоѓаат на 9-тата позиција на сите времиња.
Инаку францускиот скијач по денешниот триумф го презема водството на табелата во генерален пласман во велеслалом од Швајцарецот Марко Одермат кој денеска беше четврти.